Bild

Оператор на Проектот Плавица е СИЛГЕН РЕСУРСИС ИНТЕРНЕШНЛ Лтд која е во доминантна сопственост на Генезис Ресоурцес Лтд од Австралија.
Во 2021 година Агенцијата организираше истражување на јавното мислење во Пробиштип и Кратово со цел да се утврди расположението на локалните жители за отворање на новиот рудник за злато Плавица.
Истражувањето се реализираше во две фази – деск топ подготовки, истражувања и анализа на собраните информации со изведување заклучоци и препораки, по што се помина на теренско истражување кое опфати:
- дефинирање на популација за истражување,
- подготовка на пишан структуриран прашалник (со затворени прашања)
- печатење на прашалник
- подготовка на тим за спроведување на прашалникот (обука)
- внес и анализа на податоци во SPSS програма
- изведување заклучоци и препораки за следни активности.
Проектот за рудник за злато е во развој.