Bild
Република Северна Македонија одбележува сто години инженерство, од основање на првото македонско здружение на инженери и архитекти.
По предлог на Асоцијацијата на здруженија на инженерите – Инженерска институција на Македонија, датумот 21. март стана дел од Програмата за обележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во Република Северна Македонија за 2020 година.
Историските документи со кои располага Инженерската институција на Македонија велат дека првото главно годишно Собрание на инженери и архитекти од областа на Скопската градежна дирекција е одржано на 21.03.1920 година, кога е основано самостојно Здружение на југословенските инженери и архитекти – Секција Скопје.