
Потенцијалот на дигитализацијата во фармацевтската индустрија е со неограничени можности, но умешностa по која се издвојуваат гигантите е да ги препознаат моментот и брзата имплементација. Трансформацијата во „интелигентна компанија“ е цел која повеќе фармацевтски компании во регионот си ја поставија во изминативе две години под притисокот на пандемијата, но, оние поискусните го отпочнаа овој процес претходно, позиционирајќи се како лидери во регионот кои се во постојана потрага по иновации во производните процеси.
Фармацевтскиот регионален гигант Галеника прв ја прифати дигитализацијата како дел од активностите за модернизација и стана првата компанија во Централна и Источна Европа која го имплементира најсовремениот систем за управување со деловните процеси, за што во јуни 2021 година ја освои престижната награда „SAP Quality Awards“ CEE.
Со Даниел Јаневски, директор на претставништвото на Галеника во Македонија разговараме за улогата на дигитализацијата, промените кои таа ги носи, како и како влијае врз резултатите на Галеника во Македонија и регионот.