Skip to main content
Bild
Аваја

Претседателските кандидати Гордана Сиљановска Давкова и Стево Пендаровски, на 03 мај 2019 година, ќе имаат средба со повеќе од 1.000 граѓани Роми во рамки на кампањата „Ние Гласаме, Ние Одлучуваме”. На денешната средба со новинарите, граѓанските активисти Акиф Кариман и Елвис Шаќири информираа дека граѓанската иницијатива „АВАЈА“ собра 10.000 потписи во 14 општини.

„Граѓанската иницијатива АВАЈА, во изминатите 15 дена, активно беше вклучена на терен за да го слушне гласот на ромскиот народ и собра поддршка од ромската заедница во однос на Манифестот со трите приоритетни барања на ромската заедница. За осум дена теренска работа се собраа 10.322 потписи. Овој факт укажува на потребата од посериозни напори за унапредување на положбата на Ромите“, порача Кариман.