Bild

Учесниците на обуката за Дигитален маркетинг преку ECDL програмата на Центарот за Доживотно Учење при ФЕИТ во посета на Чептер 4.
Извршниот директор м-р Тодор Стојчевски образложи што работи и како функционира комуникациска агенција, додека практичната обука ја одржа експертот за дигитален маркетинг и социјални медиуми, м-р Дражен Котески.
Учесниците се интересираа за процесите на планирање и реализација на промотивни кампањи и рекапитулација на материјалот со практични примери.
Благодарност до координаторот и ECDL предавач, м-р Тони Манџуковски - Манџук што ја организираше практичната обука во Чептер 4.