Skip to main content
Bild
Тања Јовановска

Тања Јовановска Антевска има над две децении комбинирано работно искуство во највлијателните медиуми во Македонија и организирање, координирање и менаџирање на односите со јавноста, организација на настани, креирање и реализација на комуникациски стратегии, осмислување и реализација на настани, комуникација со медиуми, како и со социјални медиуми. За себе вели дека целосната посветеност на работните задачи и е „маана“, односно работата - преокупација, а задоволните клиенти - храна. Тања е дипломиран филолог со желба да го надградува она што го знае, но и постојано да учи и да трага по нови предизвици составувајќи ги како лего коцки, затоа што ништо во ПР бизнисот не смее да се препушти на случајноста. 

Со новинарството се запозна во Вечер, еден од најстарите македонски медиуми, но најмногу се задржа во тимот на Вест, еден од најуспешните новинарски проекти во државата. Соработката со двократниот европски ракометен шампион Вардар, во годините кога клубот ги освои двете титули, ја воведе во сферата на односите со јавноста.

Спојот на желбата секогаш да се проникне до најдоброто решение за потребите на клиентот со новинарското искуство работејќи на теми од реалниот сектор, преку Тања креираше нишка која го комплетира тимот на Чептер 4 Македонија.