Skip to main content
Bild
рудникполитика

Скопје, 3 јули 2020 - Го разбираме чувствителниот момент на политичката кампања и затоа апелираме до сите инволвирани чинители во кампањата - Проектот „Рудник на можности Иловица-Штука“ да не се користи и злоупотребува во каква било политичка конотација!

Мораме конечно сите да бидеме доволно зрели и одговорни кон иднината и да ја прифатиме реалноста дека се работи за потенцијално најголемата гринфилд странска инвестиција во земјава што ќе донесе значајна економска корист и благосостојба за сите граѓани, особено за жителите во струмичкиот регион.

Апелираме и до политичарите во текот на политичката кампања да се воздржат од коментари за проектот, затоа што така, можеби ненамерно, влијаат и на работата на судството и правната процедура која се одвива во надлежниот суд, а е поврзана со проектот.

Со почит,

Euromax Resources