Skip to main content
Bild
Тодор Стојчевски

Тодор Стојчевски е ко-сопственик на Чептер 4 Македонија. Од 2011 година е магистер и ја менаџира со комуникацијата со домашните и меѓународните клиенти на Агенцијата. Неговата стручност и интерес за работа се фокусира на односите со јавноста, односите со медиуми и организација на настани. Во моментов, е на докторски студии од областа на стратешките комуникации во Љубљана. Тој е магистер за мир и развој и е дипломиран новинар со 12 години медиумско искуство. Добитник е на неколку новинарски награди од Обединетите нации во 2004, 2005 и 2006 година.

Тодор е член на Управниот одбор и ко-основач на првото здружение за односи со јавност на Македонија (ПРАМ). Тој е единствениот македонски коавтор на книгата „Тајните на светските експерти за ПР“ и автор на колумни во македонските медиуми.

Неговото долгогодишно искуство со клиенти вклучува работа за: Хјундаи, Џонсон Мети, LC Waikiki, Форд, Асоцијација на Македонски Општини, IT Logistics, Комора на сертифицирани Архитекти и Инженери, Duki Daso, Бош, Сименс, Ериксон, Lyoness, Romaversitas, континентал, ФЕИТ, Везешари, Lecker, Дуна, GDi, Euromax Resources, ОБСЕ, Lavazza, Волво, Град Скопје….

Тодор е автор на магистерскиот труд „Медиумите и пост-конфликтот градење на мирот“; на трудот „Мировно новинарство - професија ориентирана кон вредностите“ - објавен во Зборникот на Правниот факултет во Скопје; уредник и автор на „Годишниот билтен на Граѓанската платформа на Македонија“.