Bild

Здружението на граѓани Ромаверзитас, во соработка со тим лидерите на граѓанската иницијатива АВАЈА, ќе додели 210 таблети за ромски ученици во средно образование и 10 ГБ интернет во рамки на проектот „Ромаверзитас во ургентни ситуации, Се грижиме за вашето образование“ (Код на проектот MAC 133), финансиски поддржан од Ургентниот фонд на Ромскиот образовен фонд. Целта на оваа интервенција е да обезбеди запишување во високото образование и намалување на веројатноста за напуштање на образованието на ромските средношколци, преку обезбедување услови и спроведување едукативни активности за средношколци кои учествуваат во програмата.