Skip to main content
Bild
Вести

Агенцијата за вработување ја одржа осмата работна средба за пилот програмата „Втора шанса“ која се реализира во рамки на ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“. На работната средба присуствуваа директори на средни стручни училишта од Град Скопје пред кои говореа министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, раководителот на секторот за соработка при Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Стефан Худолин, директорот на Агенцијата за вработување, Беким Мурати, помошник директорката Елена Ѓоргиева на средното училиште на Град Скопје „Лазар Танев“. Кон присутните се обратија и претставници од Центарот за образование на возрасни и Центарот за средно стручно образование. Пилот мерката „Втора шанса“ се реализира со финансиска поддршка на Европска Унија.