Skip to main content
Bild
заев роми

Во пресрет на парламентарните избори 2020, АВАЈА како граѓанско движење испрати покани за јавно соочување/ дискусија со носителите на листи, ромските кандидати/ки, но и со претседателите на двете најголеми политички партии, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.  На поканата за дискусија на централното сослушување се одѕва Зоран Заев предводник на коалицијата Можеме, додека Христијан Мицковски поради зафатената агенда не можеше да присуствува. На централната дискусија со Заев се дискутираше на тема поврзана со Парламентарните избори и заложбите за подобрување на состојбата на Ромите. Во текот на дискусијата четири беа опфатени клучни теми – визија за Ромската заедница во наредните 4 години, правичната застапеност, вработување на Ромите во приватниот сектор и инфраструктура и буџет за инвестиции за подобрување на положбата на Ромите.