На 26 и 27 септември, се одржа состанок на Управниот одбор на Чептер 4 во Виена, Австрија. На состанокот присуствуваа управните директори од вкупно 10 земји: Австрија, Унгарија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Србија, Косово, Северна Македонија, Романија и Словачка.
Дводневните состаноци се одржаа во прекрасниот салон Разумовски во Виена, каде членовите на групацијата Чептер 4 ги анализираа своите претходни успеси и предизвици (регионално и локално) и креираа нови планови. Главниот фокус на состанокот беше проширување на новите услуги: на пр. раскажување приказни со видео и технологии засновани на вештачка интелигенција. Десет годишнината (во 2020 година) беше исто така на висока позиција на агендата, а веќе следната година нè очекуваат возбудливи активности за нашите клиенти и партнери.
Воедно, учесниците уживаа и во разгледување на прекрасната Виена: обиколка низ куќата на Грегор Разумовски и музејот на чоколадо во Виена Пратер.
Високо мотивирани, ние гледаме на следната година во Македонија и ЦИЕ и со нетрпение го очекуваме нашиот следен состанок на Управниот одбор.