Skip to main content
Bild
извод

Согласно член 7, ст. 1 од законот за неевидентираните лица во матична книга на родени, лицата треба да поднесат барања за упис во рокот од шест (6) месеци од денот на донесувањето (15 февруари), а со оглед на тоа дека институциите согласно законот имаат обврска во рок од 15 - 30 дена да ги донесат сите потребни подзаконски акти и истите досега  не се донесени што претставува прекршување на законот со пробивање на роковите. Имајќи ја предвид кризната состојба со  вирусот Ковид 19 и специфичноста на целната група која во моментов нема никакви приходи за материјална егзистенција односно немањето на идентификациона исправа ги спречува лицата без документи да влезат во системот на социјална и здравствена заштита, односно да ги користат мерките кои ги донесе Владата.

Ромалитико, како дел од граѓанското движење АВАЈА, вчера достави барање, надлежните министерства - Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Управата за водење на матичните книги и Министерството за труд  и социјална политика ургентно да ги преземат следните чекори бидејќи законските рокови се пробиени.