Skip to main content
Bild
и совет

Нашиот тим експерти за комуникација имаше чест да ја подготви Стратегијата за комуникација на реформите во инспекцискиот систем на Република Северна Македонија. Главна цел на овој стратешки документ е да се врати довербата на граѓаните и бизнис секторот во инспекциските органи, кои со зајакнати и реформирани капацитети ќе ја унапредат и примената на регулативата и ќе ги заштитат правата на граѓаните. Носител на реформите е Министерството за информатичко општество и администрација, но реализаторите се Инспекцискиот совет на Република Северна Македонија и секој Инспекторат, посебно. Стратегијата за комуникација е дополнета и со конкретен план на активности за првата година од реализацијата. Таа ги опфаќа неопходните комуникациски алатки за екстерна и за интерна комуникација меѓу органите кои го сочинуваат инспекцискиот систем.

Стратегијата ги промовира реформите кои ги носи извршната власт со новото законско решение, потоа работи на подигнување на свеста на целокупната јавност за улогата на инспекторите во соработката со граѓаните и со бизнис заедницата. Со прецизни насоки точно да се информира, но и едуцира широката јавност во однос на правата што ќе ги уживаат, како и обврските што ќе се воведат..