Skip to main content
Bild
СОС Детско село

04.03.2020, Скопје - Корисниците на ЈП Водовод и канализација – Скопје овие денови заедно со мартовската сметка за вода ќе добијат и писмо со кое ги повикуваме по пат на доброволно донирање да ги поддржат децата и младите без родителска грижа и оние во социјален ризик за кои СОС Детско село се грижи веќе 19 години. 

 

За Јулијана Накова Гапо, национален директор на СОС Детско село, ваквата активност покажува дека ЈП Водовод и канализација - Скопје е една од компаниите кои и во време на криза и вонредни околности, покажува добра општествена практика.