Skip to main content
Bild
FUDSH

Факултетот за општествени апликативни студии од Нова Горица и Факултетот за медиуми од Љубљана, Словенија, ги отворија вратите за сите студенти од Република Северна Македонија. Нашите граѓани може да се запишуваат на сите степени на образование – додипломски, постдипломски и докторски студии и да стекнат европско образование, вештини и искуство.

 

„Веројатно сите го знаете значењето на потенцираните четири букви во името на државата „ SLOVENIA“. Збор кој ја опишува љубовта од и кон оваа држава. Земја во која навистина секој сака да живее, сака да минува време, сака да го продолжи своето образование, сака да му биде животна база“, ќе напише професор д-р Борут Рончевиќ, во едно од своите обраќања.