Skip to main content
Bild
СОС Детско село

Гапо: Да бидеме добротворни во текот на целата година

 

5 септември е Меѓународен ден на добротворството и милосрдието. Ние, луѓето од СОС Детско село сакаме на денешниот ден, да проговориме за нашите добротвори, за филантропите кои го прават СОС Детско село она што е и го поставуваат на високо место на организации кои ги штитат децата со придонесот на голем број добротвори.

Секоја година, добротворствата ширум светот помагаат да се спасат и подобрат човечки животи, да се заштитат децата, да се даде надеж на илјадници луѓе ширум светот.

Работата, функционирањето, мисијата и визијата на СОС Детско село е препознаена од голем број филантропи и донатори ширум светот. Затоа, толку време оваа идеја за заштита на децата и младите од социјален ризик опстојува. Во нашата држава, веќе 18 години. Сето тоа им го должиме на нашите донатори, кои ги нарекуваме наши пријатели.

5 септември треба да придонесе во зајакнување на социјалната одговорност ширум светот, да се подигне свесноста дека на некој друг му е потребна нашата помош.