Skip to main content
Bild
cyber security

Студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје имаат можност за бесплатна едукација за сајбер хигиена преку онлајн курсот „Cyber Hygiene E-Learning course“. Студентите се запознаваат со главните сајбер ризици, безбедносните напади во дигиталниот свет, како да ги заштитат своите лични податоци и податоците на електронските уреди и други информациски ресурси на интернет. Тие имаат уникатна можност за учење преку иновативен пристап, односно преку кратки видеа и презентации.

 

Курсот е организиран од американската компанија CRDF Global во партнерство со Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ). Од ФЕИТ ги охрабруваат студентите, до крајот на март, да се пријават на овој курс, без разлика на кој факултет студираат. Учесниците ќе добијат сертификати за успешно завршен курс, а за најуспешните - ќе следуваат награди од организаторот.