Skip to main content
Bild
fia chalenge

Бизнис Акцелераторот УКИМ и Авто-Мото Сојузот на Македонија ве водат на FIA Region I Start-up Challenge (ФИА регионалниот старт-ап предизвик). На предизвикот може да учествуваат сите старт ап компании кои имаат или може да понудат креативна идеја или решение во една од следниве области:

 

1) Како мобилити клубовите може да ја подобрат и иновираат употребата на автомобили во иднина?

2) Како клубовите може да ги понудат најдобрите решенија за мобилност на своите членови?

3) Како мобилити клубовите може да им го олеснат животот на луѓето и надвор од нивните автомобили?

 

Во текот на 2021 година, учесниците ќе имаат бројни можности да ги претстават своите идеи пред експертите на мобилити клубовите на FIA Region I мрежата, одговорните за бизнис развој и оние личности кои ги носат одлуките.

 

FIA Region I вклучува мобилити клубови од Европа, Блискиот Исток и Африка. Првиот start-up предизвик на FIA Region I привлече 67 апликанти од различни земји. Од нив, 12 апликанти беа во потесниот избор. Овие 12 избрани апликанти се поврзаа со повеќе од 50 експерти за бизнис развој на клубовите, преку претставувања, состаноци еден на еден, панел дискусии, дебати, тематски дискусии и слично. Тројца (3) финалисти ја претставија својата работа на Годишното генерално собрание на ФИА во Париз.