Skip to main content
Bild
петар колев гду

 

„Ги повикувам сите в среда да го заокружат бројот 7, затоа што тоа ќе значи влез во Парламентот на пратеници кои нема да влезат во калапот на таканаречените „големи“ партии, кои нема да се пазарат со својот глас за лична корист, туку ќе истапат за интересот и слободата на секој граѓанин“, рече претседателот на Граѓанско Демократска Унија, Петар Колев на денешната прес – конференција, упатувајќи посебен апел до неопределените граѓани чиј гласови се исклучително потребни за трета опција да добие поддршка за влез во Собранието и да им се спротивставата на „ВМРО, СДСМ и ДУИ кои ја киднапираа државата од граѓаните и создадоа “корпорација” што само служи на политичкиот естаблишмент“.

 

„На 15 јули во среда, кога ќе застанете зад избирачкиот параван, почувствувајте го духот на силен ЕЖ кој ќе се спротивстави на овие “политички змии”, еж кој ќе ги издува овие надуени балони. Заокружете број 7 и бидете граѓанинот што ќе се спротивстави на мафијата“, потенцираше Колев.

 

ГДУ верува дека мисијата на пратениците е преку собраниските процедури да отпочнат ресетирање на системот во корен и на политичката сцена да донесат нов изборен модел.