Skip to main content
Bild
Мизуха

Технологијата, неминовно, го олеснува животот и го подобрува квалитетот на живеење. Таа се повеќе навлегува во секоја пора од нашите животи. Навистина изненадувачки одекна информацијата дека Јапонците (а кој друг би бил!?) измислија четка за миење заби за која не Ви е потребна паста. Едноставно, се користи само со вода. Но, не е за изненадување тоа што таа веќе е присутна на македонскиот пазар.

 

Оваа четка може да ја користат и најмалите, по никнување на нивното прво запче. Само по себе, тоа значи дека не постојат никакви ограничувања на нејзината употреба за сите возрасти. Дури четкањето со оваа четка ги надополнува сите недостатоци од лошата техника на четкање.

 

Четките за заби од јапонскиот бренд Мизуха, донесени во Македонија од компанијата Превента се карактеризираат со минерална компонента, односно природна керамика или црн кварц. Тој е „внесен“ со самата четка во вид на екстремно фина прашкаста форма, кој го дава максималниот ефект при препорачливо четкање на забите во траење  од само  30 секунди до една минута.