Skip to main content
Bild
10godiniChapter4

01.09.2020, Скопје - Агенцијата за односи со јавност Чептер 4 Македонија, дел од меѓународната мрежа на агенции, ја одбележува својата десетгодишнина од основањето во земјава.

 

„Десетгодишнината ја одбележуваме во специфични услови на промени. Но, ова навистина не е ништо ново бидејќи постојано сме во движење. И како професија и како компанија и како систем и како општество. Само промената е константа. Затоа и нашиот слоган за овој јубилеј е Декада на раст. Десет години растеме заедно со нашите клиенти, со нашата професија, со нашите колеги, со нашата конкуренција. Затоа што вреди да се расте“, вели Тодор Стојчевски, ко-сопственик на Агенцијата Чептер 4 Македонија.

 

Во портфолиото на оваа Агенција е нотирана соработка со повеќе од стотина домашни и странски компании, со разни институции, на разни проекти и стратегии. Поради пандемијата, раководството одлучи да не организира роденденска прослава, туку својата креативност да ја искористи во промоција преку пласман на емотивни тестемонијали од своите клиенти, соработници, поранешни вработени, разни влијателни личности.

 

„Светот се дигитализира. Секоја комуникација добива дигитална експресија. Поради ова одлучивме да го одбележиме јубилејот преку пласман на околу 30-тина изјави на наши клиенти, соработници, вработени, влијателни личности и да лансираме нова интернет страница со модерен дизајн и нови свежи содржини“, дообјаснува Стојчевски.

 

Минатата година, една декада од своето функционирање одбележа целата мрежа на Чептер 4 компании (https://chapter4.eu/en), во која припаѓаат единаесет агенции од земји во Југо-Источна Европа. Оваа Агенција е ексклузивен партнер на светски познатата ПР агенција Burson Cohn & Wolfe (https://bcw-global.com/). Досега Агенцијата има добиено многу разни награди и реализирано многу промотивни кампањи преку своите канцеларии во Европа.

 

Со почит и надеж за уште подлабока соработка,

 

Стојчевски