Skip to main content
Bild
vesti

Извршните директори на најголемите компании – извозници од земјава, претседателот Бранко Азески, членовите на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија и на Националниот совет за извоз, одржаа работна средба во компанија Џонсон Мети. На едночасовната средба се разговараше за важноста на извозот и проблемите со кои се соочуваат извозно-ориентираните компании и целите кои ги остварува Националниот совет за извоз. По завршување на состанокот, присутните направија обиколка на фабриката. „Задоволство и чест е да бидеме домаќини на Претседателот и на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија, заедно со извршните директори на најголемите извозници во Северна Македонија. Искрено верувам дека овој тип контакти ќе доведат до подобра координација, споделување на најдобрите практики и севкупен раст на националната економија. Само преку дијалог и брзи акции може да постигнеме повисоко ниво на извоз, повисока додадена вредност и подобар животен стандард“, рече Боријан Борозанов, извршен директор на Џонсон Мети. https://nezavisen.mk/vo-zhivo-izjavi-na-upravitelot-na-dzhonson-meti-bo…-